Aлкалоид доминантно и на гостувањето кај Охрид

Ракометарите на Алкалоид остануваат единствена стоотстотна екипа во Суперлигата на Македонија, откако вечерва полесно од очекуваното славеа на гостувањето кај ГРК Охрид со убедливи 22-29.

Двете екипи одиграа едно добро и убаво за око прво полувреме со многу погодоци во кое подобро се снајдоа гостите кои на паузата заминаа со позитива од два гола 14-16. Избраниците на Кирил Лазаров ја засилија одбраната во вториот дел. На противникот му дозволија само осум погодоци, па на крајот и повеќе од заслужено стигнаа до лесен триумф од 22-29.

Мартин Серафимов со 12 погодоци беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените дури тројца ракометари постигнаа по четири погодоци (Цицар, Тасески и Пешиќ).

Се вчитува...