„Комити“ свикаа итна прес-конференција: Нека дојдат и директорите, ајде да ги расчистиме сите дилеми

Навивачката група „Комити“ за среда најави вонредна прес-конференција, на која наверните навивачи на ФК Вардар планираат да говорат за ситуацијата во која се наоѓа најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

Интересно е што поканата е доставена и до сите членови на одборот на директори на „црвено-црните“, па останува да се види дали спротивставените страни ќе ги видиме на едно место,во обид да се најде начин да биде надмината кризата.

Соопштението на навивачката група Комити го пренесуваме во целост:

„Во името на малцинскиот акционер во ФК Вардар АД Скопје, здружението ,,35 години Вардарци Скопје”, најавуваме вонредна прес-конференција.

Истата ќе се одржи во прес-конференциската сала во СЦ. ,,Јане Сандански” во населбата Аеродром, во среда(20.11.2024), со почеток од 12:00ч. Ги покануваме сите членови на одборот на директори на ФК Вардар, исто така да присуствуваат, со цел пред целата јавност да ги разјасниме сите дилеми. Онака како што доликува!

Прес-конференцијата ќе биде од отворен карактер и затоа ги повикуваме сите медиуми, навивачи и заинтересирани лица, да присуствуваат на истата“.

Се вчитува...