Одличните оценки што ги добива од контролорите за своето судење, придонесува судиската комисија на УЕФА речиси да не и дава малку подолг одмор на нашиот најдобар женски судија Ива Пројковска.
Туку што се врати од Италија каде го судеше мечот во Лигата на европските шампиони за жени меѓу Јувентус и Баерн Минхен, доби нова задача од УЕФА. На 20 ноември, одново во групната фаза во Лигата на шампионите, ќе го суди натпреварот меѓу претставникот на Германија Волсбург и најдобрата екипа од Турција Галатасарај.
Ќе и помагаат Свитијана Грушко од Украина и Сташа Спур од Словенија. Четврти судија е исто така од Словенија, Александра Чесен. Ова е 15-ти пат како годинава Пројковска суди меѓународни натпревари, 7 во Лигата на Европските шампиони, 4 во квалификациите за Европското првенство, два на светското првенство во Колумбија и 2 натпревари на машки екипи , фудбалери до 21 година што покажува дека не случајно се наоѓа во групата на 20 елитни европски судии. Ниту еден меѓународен фудбалски судија од Македонија, не може да се пофали годинава, ниту порано, со вакви признанија како Ива Пројковска.
М.М
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА