Претставникот на здружението „35 години Вардарци Скопје” кој е малцински акционер во Вардар, Милорад Миленковски на прес-конференцијата пред медиумите одговараше и на прашањата околу несогласувањата на „Комитите“ за кадровската политика на клубот.
И, зошто незадоволството од поставувањето на Гоце Седлоски за шеф на стручниот штаб?
„Нашето незадоволство е поради крајно непрофесионалниот однос од инвеститорот кон ФК Вардар. Затоа што се поставени непрофесонални луѓе на професионални позиции. Ниту еден не е поставен од новите раководители согласно професионални карактеристики. Ниту еден од нив нема капацитет да биде Вардар. Ас со никого не почнува и не завршува Вардар. И затоа ние нема да го оставиме клубот, и наше право е секогаш и секаде да го браниме“ – рече Миленковски, дополнувајќи:
„Нашите аргументи зошто Седлоски не треба да го води Вардар беа кажани. Токму и поради некои професионални и сомнителни човечки карактеристики. Навивачите се во клубот и за клубот долги години затоа секогаш во право и не треба да бидат игнорирани. Игнорирањето на мислењето на навивачите не може да донесе добро. Затоа е целта некои нешта да се послушаат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА