Новиот сопственик на Шкупи доаѓа утре на мечот со Силекс, турски сопственик доби и Беласица

Новиот сопственик на Шкупи, турски бизнисмен, утре првпат ќе присуствува на натпревар на својот клуб на стадионот во Чаир, на дуелот од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига против Силекс.

Како што информираат од клубот, по повлекувањето на Олгун Ајдин, сега Шкупи има нови сопственици кои од утре активно го превземаат чаирскиот прволигаш.

„Новиот сопственик ќе присуствува на натпреварот со Силекс, на кој вратите за навивачите ќе бидат отворени на старата трибина. Тоа е важен натпревар за нас на кој ќе има и голема прослава за 35-от роденден на нашата навивачка група ‘Шверцери’“ – информираат од Шкупи.

И БЕЛАСИЦА ДОБИ ТУРСКИ СОПСТВЕНИК

А, официјално нов сопственик, исто така турски бизнисмен доби и второлигашот Беласица од Струмица.

Станува збор за поранешниот фудбалер и коментатор, 50-годишниот Еврен Турхан, кој во фудбалската кариера бил дел и од Галатасарај, а има и два настапи за турската репрезентација.

Целта на струмичани, како што информираат, со новиот сопственик е враќање во најсилната лига на Македонија.

Се вчитува...