Се враќа ПМФЛ: Шкендија во Битола го задржува врвот, Вардар против Воска „ита“ кон опстанокот

Три екипи со ист број бодови на врвот на табелата во ПМФЛ, и уште еден кој се бори да остане во игра за титулата е најновата состојба во ПМФЛ пред репрезентативната пауза. Првата лига се враќа денеска со неколку интересни натпревари.

Лидерот на табелата Шкендија гостува кај Пелистер во Битола во ноќен термин во меч од 17 часот. Шкендија сака со победа да се задржи на првото место на табелата, а од друга страна, пак, нејзин „кикс“ чекаат Гостивар, Шкупи, Работнички.

„Не очекува тежок меч против лидерот на табелата. Го респектираме тимот на Шкендија, кој според мене е најсериозниот канидат за титулата. Ние сме подготвени максимално, и верувам дека заедно со нашата поддршка од трибините ќе дојдеме до добар резултат“, вели Веангел Алтипармаковски, помошник тренерот на Пелистер пред овој меч.

„Паузата ни дојде добро за одмор од напорниот разпоред. Имавме доволно време да се подготвиме, а имаме и играчи кои се вратија под повредите. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Ќе биде тежок меч, но ние треба да ги одработиме задачите за да до добиеме натпреварот“, изјави Александер Трумчи, играчот на Шкендија.

Вардар после победата над Шкупи, гостува кај екипата на Воска Спорт, во директна пресметка за долниот дел на табелата. Може да се каже дека ова е клучна битка за опстанокот, односно кој ќе ја добие, ќе си ги зголеми драстично шансите за останување во прволигашката конкуренција.

Силекс има тешко гостување на Чаир. Против „ранетиот“ Шкупи ќе игра меч во кој ќе се обиде да остане во чекор со водечките. Гостивар на свој терен од првите три екипи има домашна задача и го очекува тимот на Тиквеш. Првакот Струга ТЛ гостува во Струмица кај АП Брера.

Работнички после поразот од Струга, денеска ќе игра против Беса, и важи за голем фаворит во пресметката. „Романтичарите“ ќе се обидат да победат, и да се вратат на првото место на табелата, каде што беа пред 14 коло.

ПМФЛ, 15. КОЛО (ДЕНЕСКА, 13 Ч.)

Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ

Скопје, Борис Трајковски: ГОСТИВАР – ТИКВЕШ

Скопје, Нац. Арена Тодор Проески: РАБОТНИЧКИ – БЕСА

Скопје, Чаир: ШКУПИ – СИЛЕКС

Охрид: ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР

ДЕНЕСКА, 17 Ч.

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА

Се вчитува...