Работнички веќе има предност од 3-1 по 65 минути игра против Беса во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига.
По израмнетото прво полувреме, „романтичарите“ целосно доминираат во второто полувреме доаѓајќи до два брзи гола.
Најпрво Гандо Биала во 60. минута одлично се снајде пред голот на гостите и стрелаше за 2-1.
А, потоа извонредна акција во три потези почната од Белица, од своја половина, кој одлично го пронајде Гандо во празно, а офанзивецот на Работнички без мислење од прва го пронајде Регба кој мајсторски погоди за 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА