ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Нови газди, стари проблеми на Чаир

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 15. КОЛО

Шкупи доби нови газди. Но, проблемите остануваат. Новите сопственици треба да ги решат старите проблеми кои ги увидоа и на неделниот натпревар со Шкупи. Дарко Додев сам ги совлада чаирчани. Им пресуди нивен поранешен играч со две речиси индивидуални акции. Се шеташе како сака низ одбраната на тимот од Чаир, и даваше два гола, а потоа успеа да ја сочува и мрежата чиста за победа. Во секој случај новите сопственици ги чека многу работа на патот кон успехот. Практично тимот треба да се издигне од сите проблеми, а и реално е да се каже дека овој тим на Шкупи нема квалитет за висок дострел. Потребни се освежувања и нови имиња. Шкендија остана на чело на табелата откако стана првата екипа која сезонава победи во Битола. Флорент Рамадани беше стрелецот, но главоболки на тренерот Јетон Беќири му носи повредата на Фитон Адеми. Никој не победи во битката за опстанок во Охрид. Воска и Вардар одиграа без голови. Голманот на охриѓани имаше три чисти интервенции со кои спречи неговиот тим да биде поразен, и дополнително да си ја искомплицира работата околу опстанокот. Гостивар на „мускули“ го победи Тиквеш со само еден гол. Во Струмица АП Брера и шампионот Струга ТЛ одиграа нерешено 1-1. Младиот состав на струмичани успешно одолеа на нападите на првакот. И на крај, Работнички се врати на победите. И покрај негативата, ја совлада Беса со убедливи 4-1 и се врати во игра за врвот каде што е густо, а богами, густо е на дното каде што ќе се води жестока битка за опстанокот.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Дарко Додев (Силекс)

Дарко Додев беше нерешлива енигма за екипата на Шкупи. Откако настапуваше кратко за овој тим, сега со друг тим „царуваше“ на теренот на Чаир. Со два гола, по индивидуални акции, си поигруваше со одбраната и со голманот на домашниот тим, за да стрела два пати прецизно во мрежата. Во манир на голем џентлмен, головите не ги прослави поради тоа што самиот тој беше дел од оваа екипа.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)
Тренерот на Силекс уште еднаш импресионираше со неговата поставеност на тактиката, и повторно на гостински терен. Кратовци успеаја да триумфираат на тешкото гостување кај Шкупи и тоа без примен гол. Ретко кој од Чаир сезонава си заминува со чиста мрежа, но тоа му успеа на Силекс колово.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Дарко Додев (Силекс)

 

Покрај играч на колото, Дарко Додев го има и голот на колото. Тој во раната фаза од мечот, во 7. минута направи вистински „слалом“ низ одбраната на чаирчани, го мина и голманот, и стрелаше во мрежата на домашниот тим. Притоа, не се радуваше на голот од почит кон својот поранешен клуб.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: ПОРАЗЕНИОТ НА КОЛЕНА, ПОБЕДНИКОТ ВО ЕУФОРИЈА

Се вчитува...