Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири ги искажа своите импресии од натпреварот со Пелистер, кој тетовскиот тим го доби со 0-1 со голот на Флорент Рамадани во првиот дел.
Тој кажа дека е задоволен од залагањето на играчите, со оглед дека во еден дел од натпреварот теренот бил замрзнат и лизгав.
„Меч во кој се гледаат само трите бода, без никаква убавина. Иако доминиравме во голем дел од натпреварот, имаше моменти кога правевме грешки. Генерално, игравме на тежок терен, ние сме првите кои победиле. Некои играчи се враќаат од повреди, но за жал, повторно се појавуваат истите проблеми. Мораме да ја менаџираме ситуацијата до крај. Дефинитивно важна победа во Битола. Верувам дека со текот на времето, особено во пролет ќе бидеме уште поцврсти, затоа што верувам дека ќе одработиме добри подготовки“, рече Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА