Струга ТЛ доаѓа до предност пред своите навивачи во дуелот со Пелистер во раната фаза од натпреварот во 16. коло од ПМФЛ.
Стрелец на голот за водство на шампионот е Кехинде кој на ефектен начин со волеј удар од 7-8 метри стрела во мрежата на битолчан.
И Силекс продолжува да „гази“ во шампионатот. Кратовци дојдоа до водство против Воска Спорт со 1-0, со голот во 24. минута. И повторно стрелец Дарко Додев, кој беше стрелец на двата гола за кратовци и во претходната победа од 2-0 против Шкупи во Чаир пред три дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА