Унгарија без проблеми против Турција на стартот на ЕП

Домаќинот Унгарија со лесна победа над Турција од 30-24 го започна настапот на групата од која е дел и Македонија од женското Европско ракометно првенство.

Tурчинките беа подобар противник само на стартот на првото полувреме кога отворија со 1-4. Унгарките заиграа подобро веќе во следниот период па на полувреме имаа веќе позитива од пет гола 13-8. Во вториот дел домаќинките само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 30-24. Кјулбер и Ѓори Лукач со по шест гола беа први имиња кај победникот, додека кај поразените Искит Чалискан постигна пет гола.

Во останатите два меча од програмата во 18 часот на Европското првенство, во пиринејското дерби Шпанија славеше над Португалија со 30-24, додека Австрија беше убедлива против Словачка 37-24.

Македонија својот прв настап на шампионатот ќе го има вечерва од 20.30 часот кога ќе се сретне со фаворизираната Шведска.

Се вчитува...