Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Прва МФЛ кои според програмата за натпревари требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13:00 часот.
Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари, информираат од ФФМ.
Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари од 17. коло во Прва МФЛ за 3. декември (вторник) со почеток во 13:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА