Брера ги повика навивачите на стадионот „Благој Истатов“ за дуелот со Работнички

Македонскиот фудбалски прволигаш Брера ги повика навивачите на стадионот „Благој Истатов“ за дуелот против Работнички во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Овој натпревар е предвиден да се одигра во втроник со почеток од 13 часот, а повикот на струмичани кон својата публика доаѓа како изненадување наспроти објавата дека колото ќе се игра без публика.

Сепак, повикот доаѓа во момент кога веќе е најавено и можно одложување на последните две есенски кола од шампионатот за во пролетниот дел од сезоната. Зачудувачки, на само еден ден пред веќе претходно одложеното коло, ФФМ пред одлука за одложување на последните две рунди од првенството.

Брера во моментот е на 6. позиција на табелата со 19 освоени бодови, додека Работнички го завзема 4. место со 31 бод, два помалку од лидерот Силекс како и од Шкендија и Гостивар.

Се вчитува...