Силекс ќе презими на лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига, откако во последното есенско коло триумфираше со 1-0, а притоа искористувајќи го ремито без голови во дербито меѓу Шкендија и Гостивар во Тетово. Силекс и Шкендија, заедно со Работнички кој денеска убедливо со 3-0 го победи Пелистер, имаат по 37 бода на врвот од табелата најавувајќи крајно неизвесно првенство низ пролетниот дел од сезоната.
Неизвесно ќе биде и на дното каде за опстанокот ќе се борат Тиквеш, кој денеска извојува значајна победа од 2-0 против АП Брера, Беса, Вардар и Воска Спорт.
Во Кратово, Ефтимов донесе предност за кратовци, но благодарение само на киксот на голманот на гостите, Филип Гачевски кој лошо ја процени топката.
Домашниот фудбалер испрати центаршут од левата страна, од повеќе од 30 метри, но топката отскокна пред голот на Вардар и го изненади Гачевски, за гол кој беше доволен за три бода за Силекс.
Но, Вардар имаше и играч повеќе во второто полувреме по страотниот старт на Донов во 31. минута, по што доби директен црвен картон. Сепак, силите беа израмнети кога во вториот дел и Ѓуриќ кај Вардар доби црвен картон.
Струга ТЛ триумфираше со 2-1 против Воска Спорт. Поведоа стружани уште од 6. минута по феноменалната акција која со гол ја круниса Христијан Малески.
Во второто полувреме Осеи во 82. минута израмни за Воска спорт, за да Малески со својот втор гол во 86. минута донесе победа за Струга ТЛ од 2-1.
Работнички, пак, победи 3-0 со Пелистер, најпрво поведувајќи по корнерот од левата страна, по кој одлично се снајде на одбиената топка Адтхе Мазари кој од 16 метри прецизно стрела за 1-0.
Во 28. минута и Али Регба, повторно по корнер од левата страна, во убав скок со глава стрелаше од 7-8 метри за 2-0, а во 47. минута Мазари со својот втор гол ја заокружи победата од 3-0.
Тиквеш победи со 12-0 против АП Брера со головите на Манасиевски во 45. минута и Стојкоски во 89. минута.
Шкупи ја победи Беса на гости со голот на Алберт Диане во 65. минута од средбата.
ПРВА ЛИГА – 18. КОЛО
Гостивар: БЕСА – ШКУПИ 0-1
Диене 56′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-0
Мазари 15′, 47′, Регба 28′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 0-0
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
Ефтимов 29′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ 2-1
Малески 6′, 86′ – Осеи 82′
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА 2-0
Манасиески 45′, Стојкоски 89′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

