Репрезентативниот голман Игор Алексовски уште оваа зима би можел како слободен да си замине од Работнички и да бара нов клуб. Нему му истекува договорот на 31. декември.
„Романтичарите“ сакаат да го задржат и затоа му нудат нова соработка, меѓутоа мислите на голманот во моментов се кон странство.
Алексовски во минатото беше на голот на Ренова, а бранеше и за Вардар и за Македонија ЃП. Тој беше голман на младинската репрезентација која за првпат настапи на младинското европско првенство во Полска 2017 година.
Во моментов е трет голман на А националниот тим. Настапи само на пријателски средби, додека и натаму го чека првиот меч на официјален натпревар за сениорската репрезентација на Македонија.
Освен на Алексовски, договорот со Работнички истекува и на Влатко Стојановски, кој би можел зимава да го засили Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА