Ајкут Туран назначен за нов генерален директор на Шкупи

Ајкут Туран официјално ја прифати функцијата генерален директор – извршен директор на ФК Шкупи. Туран е десната рака на новиот претседател Јасин Коњали, а истиот доби целосна доверба во градењето на составот за пролетниот дел од сезоната 2024/25.

Десна рака ќе му биде спортскиот директор Ндерим Неџипи, соопштуваат од клубот од Чаир. 

За Ајкут Туран, кој по потекло е од Косово, Шкупи ќе биде неговиот прв клуб кој работи надвор од Турција, каде што претходно соработуваше со клубови како Менеменспор, Алтинорду, Бурсаспор и Аданадемирспор, каде што работеше со млади фудбалери, помагајќи им во градењето нивната фудбалска кариера.

Дипломирал на Универзитетот во Маниса „Челал Бајар“, на Факултетот за физичка култура, гранка, спортски менаџмент.

Се вчитува...