Силекс го продолжи договорот со Усман Маронг

Интернационалецот од Гамбија, Усман Маронг го продолжи договорот со Силекс, останувајќи во редовите на есенскиот шампион на Македонија и во 2025 година.

Од тимот од Кратово денеска и официјално информираат дека е обновен договорот со фудбалерот од средниот ред.

25-годишниот играч за врска во Кратово пристигна во јануари 2024 година, притоа досега запишувајќи 34 настапи за клубот, на кои постигна два гола дополнети и со десет асистенции.

Се вчитува...