Вардар потпиша и со левиот бек Михаил Маневски

Вардар, продолжувајќи со засилувањата за пролетниот дел од сезоната, потпиша договор и со левиот бек Михаил Маневски.

25-годишниот Маневски изминатава полусезона настапуваше за Тиквеш, а претходно во својата кариера играше и за Академија Пандев, Брегалница, Шкендија, Силекс и Гостивар.

Фудбалски потекнува од младинската школа на Академија Пандев.

Претходно, како што е познато, Вардар потпиша договори и со досегашниот стопер на Шкупи, словачкиот интернационалец Михал Пинтер, како и со десниот бек Георги Јанкулов од АП Брера.

Се вчитува...