Мите Цикарски се врати во ФК Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар промовираше ново засилување за вториот дел од сезоната. Станува збор за 31-годишниот дефанзивец Мите Цикарски кој се враќа во клубот откаде што ја започна својата професионална фудбалска кариера.

Цикарски има богата интернационална кариера игајќи во клубови на Кипар, Романија, Грција. Во „црвено-црните“ редови доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров.

„Знам што значи да се носи дресот на ФК Вардар. Знам колку тежи овој дрес. Среќен сум што се враќам на местото каде што започнав. Очекувањата за новата сезона се високи. Знаеме каде припаѓа клуб каков што е ФК Вардар. Се надевам на успешна полусезона и да го искачиме ФК Вардар таму каде што му е местото, во врвот на македонскиот фудбал“, изјави Цикарски.

Се вчитува...