Тодоровски: Моето презиме на дресот на Вардар – привилегија, чест и гордост

Новиот играч на Вардар, Димитар Тодоровски ги искажа своите први импресии откако е дел од „црвено-црните“, како и очекувањата за следната сезона.

Фудбалерот од средниот ред вели дека има мотиви да игра за Вардар, и дека му е чест и привилегија да го има неговото презиме на црвено-црниот дрес.

„Не постои македонски фудбалер кој некогаш не сакал да заигра за најголемиот фудбалски клуб во државата. Да го има моето презиме на дресот на Вардар е вистинска привилегија, чест и гордост. Одговородноста да се носи овој дрес дополнително додава на тежина кога е носен од човек што пораснал гледајќи ги натпреварите на Вардар. Тоа ми дава дополнителен мотив да ја оправдам довербата. Во втората полусезона очекувам да ја достигнам својата најдобра форма, а со тоа да придонесам да завршиме во горната половина од табелата. Освојувањето на Купот е прироитет“, вели Тодоровски, и надополнува:

„Вардар не би бил Вардар без своите навивачи – Комитите. Тие се 12 играч на тимот, кој го прави Градски неосвоива тврдина. На нив можам да им ветам дека ќе дадам максимум за Вардар“, рече Тодоровски.

Се вчитува...