Сосема неочекувано: Шкендија и Ахмеди ја прекинаа соработката!

Ненајавена и неочекувана вест од Тетово. Шкендија се реши да се раздели со Ваљон Ахмеди, еден од најдобрите играчи на Шкендија. 30-годишниот Ахмеди беше еден од најстандарните играчи на тетовскиот тим, прошпуштајќи само неколку натпревари од почетокот на сезоната и последниот меч со Беса од есенскиот дел.

Ахмеди одигра вкупно 13 меча во есенскиот дел, или 685 минути забележувајќи две асистенции и еден гол, оној прекрасниот против Вардар.

Играчот од средниот ред од Шахтјор Солигорс во август се пресели во Шкендија како големо засилување, и по вторпат дојде во тетовскиот тим. Меѓутоа во тетовскиот тим остана само пет месеци. Претходно беше една година во „црвено-црниот“ дрес.

Се вчитува...