Коста Манев не е повеќе играч на Брера, откако се реши да го напушти струмичкиот прволигаш. Со тоа продолжува серијата на заминувања од оваа екипа, откако пред неколку дена замина и тренерот Горазд Михаилов.
Освен Манев, претходно од екипата заминаа и Јанкулов и Тодоровски кои се преселија во Вардар, си замина и Марјан Ристовски кој потпиша за Кавала, потоа Даниел Миловановиќ кој замина во Тиквеш. Во Кавадарци се пресели и голманот Филип Купанов.
Од Брера си заминаа и Драган Стојков, Кауан, Дарко Лазиќ, Урош Стамениќ и Антонио Каланоски, а се очекува истото да го стори и најдобриот стрелец Ѓорѓе Ивковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА