Вардар и официјално се раздели од Мартин Блажевски

Ремонтот во играчкиот кадар на ФК Вардар продолжува откако „црвено-црните“ денеска ја прекинаа соработката со Мартин Блажевски, еден од фудбалерите со најдолг стаж во најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

Блажевски уште пред извесен период беше поврзуван со заминување, за денеска преку соопштение да биде објавено дека тој повеќе не е дел од „црвено-црното семејство“.

„Фудбалер кој потекнува од школата на клубот, од црвено-црниот табор си заминува по речиси четири сезони минати во дресот на ФК Вардар. Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман, особено за тоа што беше дел од клубот и во тешките моменти и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата“, се вели во соопштението на Вардар.

Се вчитува...