Горазд Михајлов е изборот на раководството на Беса за нов предводник на овој македонски прволигаш, кој за нецел месец повторно се реши за тренерска смена откако експресно ја прекина соработката со Бобан Бабунски.
Опција за раководството на Беса беа неколку македонски стратези, а на крајот изборот падна врз Михајлов, кој ќе биде значаен адут во обидот да се избори опстанок во прволигашката конкуренција.
„Можеме да објавиме дека постигнавме договор со Горазд Михајлов да го води нашиот стручен штаб. Дел од струката ќе биде и Златко Ристов како асистент тренер и Иван Тиосављевиќ како кондициски тренер. Им посакуваме добредојде на Горазд Михајлов и неговите помошници, посакувајќи им многу среќа во клубот“, се вели во објавата на ФК Беса.
За Горазд Михајлов ова ќе биде трет клуб во Првата лига оваа натпреварувачка сезона, што овој стручњак ја почна на клупата на Вардар, а во меѓувреме застана и на кормилото на АП Брера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА