ФК Вардар се раздели и со Дејан Ѓуриќ

По разделбата со Мартин Блажевски, најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар одлучи да ја раскине соработката и со Дејан Ѓуриќ.

Српскиот интернационалец во клубот пристигна минатата сезона, одигра 29 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.

„Ќе остане забележан по неговиот борбен карактер, голема мотивација и емоција со која настапуваше за црвено-црните! Неговиот погодок, постигнат на натпреварот против екипата на Струга Т.Л. [07.08.2024] му ја донесе 500-та победа на ФК Вардар во рамки на ПМФЛ. Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман и му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата“, стои во соопштението од ФК Вардар. 

Се вчитува...