Еден од противниците на ракометната репрезентација на Македонија на Светското првенство во Вараждин, селекцијата на Унгарија ремизираше 31-31 против Србија во првиот подготвителен натпревар пред планетарниот собир.
И двете репрезентации одиграа еден израмнет натпревар во кој првото полувреме го добија Србите со 16-15, а во вториот дел Унгарците возвратија со идентичен резултат за конечни 31-31.
Македонија токму против Унгарија ќе го отвори настапот на шампионатот, а мечот е закажан за 15. јануари со почеток во 20.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА