Македонскиот фудбалски прволигаш Воска спорт вечерва промовираше нови две засилување кои треба да му помогнат на тимот во борбата за опстанок во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Тимот од Охрид вечерва ги промовираше интернационалците Филип Валенчиќ и Туре Сира. Валенчиќ во Охрид доаѓа од финската Хонка каде ја мина првата полусезона. Покрај Хонка тој има настапувано и за Олимпија, Монца, Хелсинки…
Tуре Сира минатата полусезона исто ја помина во Финска во редовите на Хака, а за Финецот ова ќе биде прво интернационално искуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА