„Фалангата“ нема да смее да внесува знамиња од Кутлеш во арената во Вараждин

Ракометната репрезентација на Македонија утре со мечот против Унгарија го почнува настапот на Светското првенство кое што од денеска се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Организаторите на групата која се наоѓа во Вараждин го објавија кодексот на однесување за навивачите кои ќе бидат на трибините во салите во Вараждин, Загреб и Пореч.

Што се однесува до навивачките реквизити кои ќе може да се внесуваат, максималната должиба на знамињата ќе биде 2 х 1,5 метри и ниедно знаме не смее да го попречува видикот на другите гледачи. Во салата нема да биде дозволено внесување на знамиња со навредлива содржина или политичка содржина.

Кодексот на однесување може да го погледнете на следниот линк.

Се вчитува...