Јапонецот Масаки Такахара е нов фудбалер на Пелистер.
29-годишниот Такахара ќе биде првиот Јапoнец кој ќе заигра во зелено-белиот дрес. Тој доаѓа од екипата на Струга, а предходно има настапувано уште за Гостивар во Првата македонска фудбалска лига, како и за уште неколку клубови во Германија!
„Такахара веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Срѓан Захариевски“ – информираа од битолскиот прволигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА