Данска го демолираше Алжир, Австрија лесно до победа над Кувајт

Данска со убедлива победа од 47-22 го стартуваше Светското првенство во ракомет. Во салата во Хернинг се славеше победа уште пред почетокот на мечот, а на теренот доминираше само домашната екипа.

На полувреме беше 20-11, додека во вториот дел Данците само дополнително ја зголемија разликата на крајот за убедлив триумф, покажувајќи дека се еден од фаворитите за освојување на златото.

Гидсел беше незапирлив со 10 погодоци кај победничкиот тим, а Питлик постигна седум.

Селекцијата на Австрија дојде до убедлива победа од 37-26 над Кувајт во мечот одигран во Пореч. Кувајт успеа да се држи само во првиот дел, кога губеше „само“ два разлика, а во вториот дел Австријците ја демонстрираа својата сила на крај за убедлива победа.

Дамбок, Фримел, Вагнер и Живковиќ постигнаа по пет голови кај Австријците.

Се вчитува...