Најдобриот ракометар на Португалија падна на допинг тест

Светското првенство во ракомет почна со допинг скандал.

На денот на натпреварот помеѓу Португалија и Соединетите Американски Држави кој треба да почне набрзо објавено е дека најдобриот португалски ракометар Мигел Мартинш паднал на допинг тест.

Мартинш побара примерок „Б“ од Светската антидопинг агенција, но дефинитивно ќе го пропушти турнирот кој се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.

„Секако дека тоа е голем шок за нас, тешко ни е да поверуваме во тоа што ни е кажано. Веднаш стапивме во контакт со Мигел, кој беше збунет како нас. Тој тврди дека не направил ништо незаконско. Веднаш побара Б тест за да се реши работата, но сигурно е дека нема да учествува на Мундијалот“, изјави директорот на Алборг, Јан Ларсен.

Се вчитува...