Ракометната репрезентација на Бразил ја приреди најголемата сензација денеска на Светското првенство откако шокатно славеше над Норвешка со 26-29 во премиерното коло од Е групата на шампионатот на кој Норвежаните се едни од кодомаќините.
Бразилците одиграа неверојатно второ полувреме кое на крајот беше клучно за големата победа. Лангаро со седум гола беше најдобар во таборот на победникот, додека кај поразените Грондал постигна шест гола.
Хрватска и Германија стигнаа до лесни победи. Хрватите беа подобри од Бахреин со убедливи 36-22, додека Германија славеше над Полска со 35-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА