Холандскиот селектор Штафан Олсон е принуден да изврши замена во составот за претстојниот меч со Унгарија, откако Алек Смит заработи незгодна повреда и за него овој мундијал предвреме заврши.
Десното крило неодамна се опорави од тешка повреда на коленото, но на дуелот со Гвинеја заработи повреда на мускулот, претходно постигнувајќи три погодоци. Тој воопшто не настапи на мечот со Македонија, а по новите детални прегледи беше утврдено дека Смит нема наскоро да се врати на терените, па Олсон мораше да менува.
Роб Шмаитс веќе се приклучи на „лалињата“ во репрезентативната база во Ст. Мартин и овој 30-годишен ракометар ќе биде во комбинација за настап против Унгарија. Овој играч кој е дел од белгиски Спортинг настапи за „лалињата“ пред две години на СП во Полска, па ќе видиме колкава минутажа ќе добие од селекторот Олсон за вечерашниот дуел од групата Д.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

