Уште едно заминување од Брера: Кауан се пресели во Туран

Во струмичка Брера ништо ново. Уште едно заминување на фудбалер. После една година мината во тимот, и 13 настапи во есенскиот дел си замина стоперот Кауан Александре Мартинс де Паула.

Кауан е нов играч на азербејџански Туран, со кого Бразилецот се договори на соработка до крајот на сезоната, со можност договорот да биде продолжен на уште една година.

Зимава од Брера веќе заминаа Георгије Јанкулов, Димитар Тодоровски, Антонио Каланоски, Филип Куманов, Коста Манев, Драган Стојков, Дарко Лазиќ, Урош Стамениќ, Јорк Бецера, Даниел Миловановиќ и Марјан Ристовски.

Се вчитува...