Селекторот на Хрватска: Циндриќ не е добро

Репрезентацијата на Хрватска загуби од Египет (24:28) и се доведе во ситуација да мора да ги добие сите три натпревари во втората фаза од натпреварувањето доколку сака да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во ракомет.

Хрватска се уште не знае со која репрезентација ќе игра во таа фаза, но се знае дека за два дена има меч со Куба или Островите Зеленортски Острови, а за пет со Словенија или Исланд.

„Имаме два дена одмор и можеме да направиме добра регенерација и да се освежиме. Знам дека можеме подобро од ова. Неодамна игравме против Словенија, а Исланд е исклучително силен. На хартија, заедно со Данска и Франција, имаат можеби најдобриот тим Но, немаа многу добри резултати на последните натпреварувања, не се пласираа ни во Париз“, изјави селекторот на хрватската репрезентација Дагур Сигурдсон.

Хрватска против Египет играше без Домагој Дувњак и Лука Циндриќ. Се покажа дека е преголема тежина за мечот против силниот Египет. Под знак прашалник е што понатаму бидејќи на списокот од 18 e се уште Дувњак, но не и Циндриќ.

„Карачиќ пристигна и моравме да оставиме еден играч надвор од тимот. Циндриќ има нова дијагноза и не изгледа добро. Секако, се надеваме дека некој ќе се врати, не сме се откажале од нив“.

Се вчитува...