Дарко Мицевски, играчот од средниот ред и досегашен член на Вардар, во пролетниот дел ќе го носи дресот на есенскиот првак Силекс.
Откако Вардар не смета на неговите услуги, Мицевски оди во кратовскиот тим да му помогне во освојување на шампионската титула.
Мицевски како позајмен ќе игра до крајот на сезоната. Тој ќе соработува со нему познатиот Александар Васоски, кој му беше предводник во Вардар во минатото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

