Словенија триумфираше над Аргентина и го продолжи сонот за првите две места во групата, откако го освои четвртиот бод, елиминирајќи ги Аргентинците.
Победата од 34-23 ќе остане во сенка на тешката повреда на играчот на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте, кој по првиот дел мораше со носилки да го напушти теренот.
Словенците во текот на целиот меч ја имаа контролата, а клучно беше тоа што Аргентина 10 минути немаше постигнато гол во првиот дел, и од тоа „гаучосите“ никако не можеа да се вратат во игра. Кљун со пет гола беше најефикасен.
Бразил дојде до триумф над Чиле во групата 3 со 28-24, и стигна до четвртиот бод, останувајќи во игра за првите две места. Бразилците беа во предност речиси во текот на целиот меч, иако Чиле на средината на вториот дел еднаш дојде до предност, но не успеа да ја задржи. Лангаро со осум гола беше најефикасен на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

