Реми на Шведска и Португалија, убедлива победа на Хрватска

Во крајно неизвесен натпревар Шведска и Португалија одиграа без победник 37-37 во првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство што се игра во Норвешка, Данска и Хрватска.

Во првото полувреме и двете репрезентации играа како да не постојат одбрани, па на пауза се замина со 18-18. Во ист стил продолжи и второто полувреме, а на три минути до крајот се влезе во егал 35-35.

Во последниот напад Шведска не искористи шут за победа па натпреварот заврши 37-37. Лагерген со седум гола беше прво име кај Шведска, додека кај Португалија Фраде заврши исто така со седум гола.

Хрватска буквално ги прегази Зеленортските острови славејќи со убедливи 44-24. Марио Шоштариќ со девет гола беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Пина исто така постигна девет гола.

Во натпреварот од Президент купот САД стигнаа до историска победа над Јапонија од 27-25.

Се вчитува...