Словенците објавија: Повредата на Цехте е сериозна!

Повредата што Нејт Цехте ја заработи на денешниот дуел меѓу Словенија и Аргентина е од посериозна природа, па ракометарот на Е. Пелистер ќе го пропушти и продолжението на клупската сезона.

Тој поради тешка повреда на носилки беше изнесен од теренот, а потоа и пренесен во клиниката во Загреб, каде првите прегледи потврдија дека овој ракометар нема да може да настапува до крајот на мундијалот.

„Првичните прегледи покажаа дека Цехте има фрактура на најмалку две ребра. Тој ќе ја мине ноќта во клиниката во Загреб, по што ќе бидат извршени нови прегледи за евентуални други повреди на нашиот ракометар“, се вели во соопштението на Словенечката Ракометна Федерација.

Првите прогнози се дека десниот бек ќе паузира најмалку три седмици, но отсуството може да биде уште подолго ако се утврдат и нови повреди при дополнителните прегледи.

E. Пелистер продолжува со настап во ЛШ на 12 февруари кога македонскиот првак ќе му гостува на Спортинг Лисабон, меч за кој речиси сигурно битолчани во своите редови ќе го немаат словенечкиот репрезентативец.

Се вчитува...