Кошмар за Норвешка: Мундијалот заврши за Сандер Сагосен?

Норвешка по голема борба славеше над Шпанија со 25-24 и остана во живот за пласман во следната фаза, но скандинавската селекција се соочува со огромен проблем поради повредата на Сандер Сагосен.

Најдобриот норвешки ракометар се пожали на болка во мускулот и воопшто не играше во финишот од вечерашниот меч, а првите прогнози не се позитивни.

„Тој има истегнување на мускулот. Се уште не знаеме колку е сериозно, потребни се дополнителни прегледи, но вообичаената пауза при ваков вид на повреди и неколку седмици. Ако е така, тогаш ова СП е завршено за Сагосен, но се надеваме дека можеби е само посилен грч. Утрешните прегледи ќе донесат и точна дијагноза“, изјави докторот на норвешката репрезентација, Томас Торгалсен.

Се вчитува...