Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го одигра првиот контролен натпревар на подготовките во Анталија.
„Црвено-црните“ денеска беа поразени од бугарска Септември Софија со минимални 1-0. Единствениот гол на дуелот го постигна Виктор Теистер.
Вардарци вчера требаше да одиграат пријателски меч против казахстански Актобе, но поради лошото време тој беше откажан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

