Петар Атанасијевиќ: Бевме многу мотивирани да го победиме Катар

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонија ја забележа втората победа на СП 2025 откако нашите ракометари попладнево во одличен натпревар славеа над Катар со резултат 39-34. Избраниците на Лазаров одиграа фантастично, од почеток до крај имаа контрола над резултатот, не дозволувајќи им на Катарците да се понадеваат на позитивен резултат.

По мечот свое видување даде и еден од браќата близнаци Атанасијевиќ, Петар…

„Бевме многу мотивирани да победиме. Игравме сите до последен и ова е заслужена победа. Ќе одиме мотивирано и ќе играме со една од најсилните екипи во Европа. Ќе дадеме максимум, па нека биде што биде“, изјави Петар Атанасијевиќ. 

Се вчитува...