ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонија ја забележа втората победа на СП 2025 откако нашите ракометари попладнево во одличен натпревар славеа над Катар со резултат 39-34. Избраниците на Лазаров одиграа фантастично, од почеток до крај имаа контрола над резултатот, не дозволувајќи им на Катарците да се понадеваат на позитивен резултат.
По мечот краток осврт даде и селекторот Лазаров…
„Честитки на момците за сето она што го прават за овој дрес. Тешко е на петти меч против квалитетен противник да имаш фокус, концентрација и борба. Секоја чест за сите играчи. Ние веруваме во она што го работиме, свесен сум дека имаме квалитет. Веруваме во системот, во поставеноста, во стратегијата. Се гледа дека собираме искуство, во неколку наврати ги вративме Катарците во мечот, но имаме една глава и опашка, честитки до играчите за нивната борба“, изјави Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

