Франција убедливо славеше против Холандија со 35-28 за осигурано прво место во групата од главната фаза на Светското првенство 2025 и веќе обезбедено место во четвртфиналето на шампионатот.
Французите, освен низ почетните минути, не им дадоа ниту најмала шанса на Холанѓаните да се понадеваат на било какво изненадување. Па, „триколорите“ го добија првото полувреме со 19-13, а потоа вториот дел беше само рутина за конечна победа од 35-28.
Најдобри поединци во победничкиот тим беа Ричардсон со 8 гола и Дика Мем со 7 погодоци. Кај Холанѓаните се издвои Баијенс со шест гола, а „вардарецот“ Кој заврши со пет погодоци.
Германија, пак, по прво израмнето полувреме го скрши отпорот на Италија во вториот дел и славеше со 34-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

