Екипата на Гостивар претрпе убедлив пораз од Словачко на првито натпревар од подготовките во Хрватска. Денеска македонскиот прволигаш загуби убедливо од чешкиот со 0-4 на „тестот“ одигран во Ровињ.
Победникот беше решен во првиот дел кога Чесите поведоа со 0-3 со головите на Клима во 13. минута, и двата гола на Хофман во 41. и во 45. минута.
Во второто полувреме Крменчик во 79. минута ги постави конечните 0-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

