Португалија е во 1/4 финалето, за Шпанија нема место меѓу најдобрите осум

Португалија со 35-29 ја совлада Шпанија, и така се пласираше во 1/4 финалето, додека за Шпанија нема место меѓу најдобрите осум. Португалците и дефинитивно се хитот на ова Светско првенство, и тоа го покажаа и денеска со големата победа над еден од фаворитите за највисок пласман.

Португалците дојдоа до оваа победа благодарение на подобрата игра во вториот дел, откако по првиот губеа со еден гол разлика (16-15).

Шпанците ја имаа контролата некаде до почетокот на второто полувреме, во еден миг поведоа и три поени разлика, но од тогаш како да се разбудија Португалците, па дојдоа до серија од 0-6 и го презедоа водството, кое не го испуштија до крајот на мечот, и само го зголемуваа, за на крајот да слават со највисоките шест гола.

Кошта со осум гола беше најефикасен, додека кај Шпанија Фернаднез постигна шест.

Се одигра и натпреварот од групата 4, во кој Аргентина дојде до првата победа во Главната фаза, победувајќи ја селекцијата на Зеленортските острови со 30-26.

Се вчитува...