ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Со синоќешните натпревари беше комплетирана петтата рунда на СП 2025, но нема никакви промени кога станува збор за врвот на листата на стрелци на ова натпреварување, резервиран за македонскиот капитен Филип Кузмановски.
Нашиот „бомбардер“ уште по првото коло со маестралната партија против Унгарија се искачи на првото место, кое го чува и по комплетирањето на петтата рунда. Така, Кузмановски во пресрет на последното коло од главната групна фаза е првопласиран со 41 гол, еден повеќе од Франкис Марзо од Катар и од Тен Фелде од Холандија.
Матијас Гидсел досега има 39 погодоци, но данскиот ас е апдолутен фаворит за прв стрелец на шампионатот ако се знае дека ќе игра најмалку уште еден натпревар во нокаут фазата (најмногу три). Гидсел досега има 39 гола на овој мундијал, а зад него се наоѓаат Пиња од Зеленортските острови со 35 и Швеѓанецот Лагергрен со 33 погодоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

