Вардар одигра без голови против грузиска Ибериа (ВИДЕО)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со подготовките во турска Анталија, пресрет продолжението на сезоната во Првата македонска лига во која ќе има тешка битка за опстанок.

„Црвно-црните“ го одиграа вториот пријателски натпревар на подготовките, овојпат против грузискиот шампион Ибериа, меч кој заврши без голови 0-0.

На мечот присутен беше и селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.

Се вчитува...