ВИДЕО: Мајсторската акција на Хрватите во последната секунда – Голот на Шипиќ за полуфинале!

Хрватска обезбеди полуфинале на Светското првенство 2025 благодарение на голот во последната секунда од четвртфиналето за победа над Унгарија од 31-30.

А, Хрватите на пет минути пред крајот на мечот веќе беа отпишани откако Унгарците поведоа со 26-30. Но, потоа следеше неверојатната серија од 5-0 за триумф и полуфинале на Мундијалот.

Унгарците на 36 секунди пред крајот, при резултат 30-30, имаа напад за триумф, но не успеаја да реализираат. А, потоа во последните девет секунди мајсторска акција на Хрватска, и со гол буквално во последната секунда на Шипиќ Хрватска дојде до победа од 31-30 и полуфинале на Мундијалот…

Се вчитува...