Михаилов: Ќе сториме се Беса да опстане во ПМФЛ

Екипата на Беса зимава назначи нов тренер. Иако првично требаше да биде Бабунски, сепак, тој само кратко беше на кормилото на клубот, а потоа беше назначен Горазд Михаилов, кој во меѓувреме си замина од АП Брера.

Михаилов верува дека тимот ќе бележи добри резултати во пролетниот дел, и дека ќе ја исполни целта, и ќе обезбеди опстанок во ПМФЛ.

„Благодарност до фамилијата Таири за укажаната доверба. Знам во каква средина доаѓам, свесен сум за ситуацијата во БЕСА, но верувам во своите спобосности и квалитети и ќе сторам се заедно со моите соработници и со спортскиот директор да се подготвиме добро и да ја оствариме целта, а тоа тимот и следната сезона да се натпреварува во Првата лига. Речиси сите играчи ги нам, со дел сум соработувал, битно е што ростерот е задржан, и со 5-6 нови играчи ќе го пополниме тимот и ќе го освежиме, за да може да одговориме на предизвикот. Со работа, дисциплина, искуство кое го има екипата, верувам дека ќе успееме. Сум бил во ваква ситуација, и нема да стравувам, затоа што верувам во овие играчи и во луѓето кои стојат позади проектот и нема да се предадеме. Напротив, ќе се бориме со сите сили да успееме“, рече Михаилов.

Се вчитува...